Кредитна линија од ЕИБ вредна 50 милиони евра

Bez autora
Nov 28 2011

За поддршка на бизнисот на малите и средни компании наскоро се очекуваат свежи пари. Во Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) се прават подготовки за повлекување на првата транша од кредитот од ЕИБ. Заклучно со 18 ноември годинава од страна на осум деловни банки се добиени барања за кредитна поддршка на 87 проекти во износ од околу 19,5 милиони евра. За активностите на МБПР деновиве се дискутираше и на Економскиот совет. Владините министри ја разгледа информацијата за реализација на кредитната линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 50 милиони евра, подготвена од Македонската банка за поддршка на развојот. Од 87 проекти, 73 отсто од вредноста на кредитите е наменет за инвестиции со рок на отплата од три до осум години, додека 27 проценти се за набавка на обртни средства со рок на отплата до 3 години.

Кредитна линија од ЕИБ вредна 50 милиони евраЗа поддршка на бизнисот на малите и средни компании наскоро се очекуваат свежи пари.

Во Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) се прават подготовки за повлекување на првата транша од кредитот од ЕИБ. Заклучно со 18 ноември годинава од страна на осум деловни банки се добиени барања за кредитна поддршка на 87 проекти во износ од околу 19,5 милиони евра.

За активностите на МБПР деновиве се дискутираше и на Економскиот совет. Владините министри ја разгледа информацијата за реализација на кредитната линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 50 милиони евра, подготвена од Македонската банка за поддршка на развојот.

- Од 87 проекти ,73 отсто од вредноста на кредитите е наменет за инвестиции со рок на отплата од три до осум години, додека 27 проценти се за набавка на обртни средства со рок на отплата до 3 години-информираат од владината прес-служба. Според нив тоа е во согласно анализите и проекциите, а се очекува до крајот на годината да се повлечат меѓу 19 и 25 милиони евра, како и да се достави барање за повлекување на дополнителни 10 до 15 милиони евра.

На седницата на Економскиот совет со која претседаваше премиерот Никола Груевски главна тема беа и тековните макроекономски движења и информациите за повеќе тековни проекти и активности од економската сфера.

Се разгледуваа и информации во врска со доуредувањето на одредени модалитети кои имаат за цел унапредување и зајакнување на системот на социјалната политика, како и унапредување на грижата за социјално ранливите групи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik